Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва набрзо ќе преземе соодветни мерки по повод последната рунда санкции на САД, кои ги оцени како „непријателски чекор“, јави ИТАР-ТАСС.
– Го оценуваме воведувањето од страна на Вашингтон на нови антируски санкции како уште еден непријателски чекор преземен од американската администрација, соопшти руското МНР.
Во документот се додава дека „жонглирањето со санкции“ нема да ја принуди Русија да ја промени принципиелната позиција. – Нема да дејствуваме за да им угодиме на политичките амбиции на САД и на намерите на прекуокеанските политичари, кои се стремат да ја искористат Украина во интерес на попречување на Русија, додава Министерството.
Министерството наведува дека претстојните контрасанкции се „принудна мерка, но Москва ја остава отворена вратата за конструктивна и чесна соработка“, вклучително и за украинската криза, ако Вашингтон е подготвен на тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


