| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: САД се во војна со Исламската држава

Белата куќа соопшти синоќа дека САД се во војна против џихадистите од „Исламска држава“ (ИД).

Државниот секретар на САД Џон Кери, кој е на турнеја низ Блискиот Исток за формирање на широка коалиција против ИД, вчера не го употреби терминот „војна“ за квалификување на проширувањето на американската воена операција против ИД во Ирак и Сирија, туку оцени дека тоа е „антитерористичка операција“ која ќе трае определено време, додека не бидат исполнети нејзините цели.

Пентагон и Белата куќа, меѓутоа, ги отстранија сите сомненија како го сфаќаат конфликтот.

– САД се во војна со ИД, и исто така продолжуваме да сме во војна со Ал каеда и нејзините сојузници ширум светот, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

Од минатиот месец досега американските борбени и беспилотни авиони нанеле 160 удари врз ИД во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top