| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски новинар доживеал тешка сообраќајка два дена пред свадба

Приклучувајќи се кон новата кампања на Владата на Р.Македонија за безбедност во сообраќајот, новинарот Љупчо Цветановски пред камерата на Македонската телевизија го сподели страшното искуство од пред неколку години, кога благодарејќи на кацигата спасил глава во тешка сообраќајна несреќа.

За жал и јас сум дел од таа најцрна статистика во Македонија. Во 2011 година додека возев мотор според сите правила и прописи и со пропишаната брзина и поминав на зелоно, носев и кацига која буквално тогаш ми го спаси животот. За жал, соочесникот во несреќата помина на црвено со автомобилот и јас завршив на неврохирургија и имав внатрешни крварења, но поради добрата физичка состојба преживеав, но пред се и поради кацигата што ја носев – раскажа Цветановски.

За несреќата да биде уште поголема, сообраќајната незгода во која бил повреден новинарот, поради туѓа грешка, се случила на само два дена пред неговата свадба.

Мојата сега сопруга тогаш не знаеше што да прави дали да ја откаже свадбата или да се грижи дали јас ќе преживеам. Претпоставувам дека тоа за моите родители и блиски биле страшно – додаде тој.

Тој вели дека за среќа, се поминало добро, но упати апел до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните прописи за да не мора да го преживеат сето тоа што тој го искусил.

Непочитувањето на правилата, на основнот правило непочитување на црвеното светло доведе до несреќата, а почитувањето од моја страна и носењето кацига, за среќа, е причината што сега зборуваме денес во вестите, доколу не носев кацига најверојатно немаше да го водиме овој разговор – посочи Цветановски.

„Една секунда значи еден живот“, порача новинарот Љупчо Цветановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top