| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓевиќ: Заслуживме да играме финале против САД

Александар Ѓорѓевиќ блеска и како селектор на Србија, откако имаше импресивна кариера како кошаркар, а под негова команда популарните „орли“ ќе играат меч за златен медал против САД на мундијалот во Шпанија. Србија во полуфиналето ја победи Франција со 90-85 со што ја продолжи серијата одлични натпревари во завршницата, кога најмногу треба. Претходно пред налетите на нашиот северен сосед во нокаут фазата паднаа и Грција и Бразил.

„Одигравме две блескави партии во Мадрид, претходно ги декласиравме и Грците и потполно заслужено се најдовме во финалето. Момците се феноменални и заслужија меч за злато против САД. Нашата сила е во колективниот дух и во прекрасната атмосфера што ја создадоа играчите“, изјави Ѓорѓевиќ.

Финалето е закажано за утре од 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top