| четврток, 6 декември 2018 |

Александар и седумте капии на Скопје во сликите на сестрите Винчиќ

На из­лож­ба­та се прет­ста­ве­ни 12 умет­нич­ки де­ла, кои се прос­ле­де­ни со при­ка­зи што но­сат по­ра­ки за наб­љу­ду­ва­чот

Се­стри­те Гор­да­на и На­та­ли­ја Вин­чиќ се умет­нич­ки тре­не­ри, спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни за ико­но­граф­ско, ви­зан­ти­ско цр­та­ње и за ко­ри­сте­ње ино­ва­тив­ни тех­ни­ки и бои на­пра­ве­ни од еко­ло­шки и при­род­ни ма­те­ри­ја­ли. На по­че­то­кот ни ја рас­ка­жаа ле­ген­да­та.

Ле­ген­да­та за на­ста­ну­ва­ње­то на гра­дот Скоп­је ве­ли де­ка мно­гу одам­на по­сто­ел еден ју­нак што не­ма име и го ви­ка­ле тој Со Коп­је, Со Коп­је, тој С’КОПЈЕ и на кра­јот са­ми­от град го на­рек­ле Скоп­је спо­ред овој ју­нак – ни рас­ка­жаа се­стри­те Гор­да­на и На­та­ли­ја Вин­чиќ, кои оваа ле­ген­да ја прет­ста­ву­ва­ат со се­дум сли­ки на из­лож­ба­та под нас­лов „Ли­ца­та на Але­ксан­дар и гра­дот со се­дум ка­пии“.

На из­лож­ба­та се прет­ста­ве­ни 20 умет­нич­ки де­ла, кои се прос­ле­де­ни со при­ка­зи што но­сат по­ра­ки за наб­љу­ду­ва­чот. Про­е­ктот се со­стои од два де­ла: Ли­ца­та на Але­ксан­дар и ка­пи­и­те на гра­дот Скоп­је. Ова е нив­на тре­та са­мо­стој­на из­лож­ба. Прет­ход­но из­ло­жу­ва­ле во Швед­ска и во Ру­си­ја.

Zivot105-3

Ва­ша­та из­лож­ба е нас­ло­ве­на „Ли­ца­та на Але­ксан­дар и гра­дот со се­дум ка­пии“. Ка­ко дој­до­вте до иде­ја­та да ги по­вр­зе­те овие два еле­мен­та?
– Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски (Але­ксан­дар Ве­ли­ки) бил ус­пе­шен стра­тег и осво­ју­вач, по­себ­но по­чи­ту­ван по­ра­ди cво­ја­та огром­на жел­ба да ги обе­ди­ни лу­ѓе­то, а не да ги разд­во­ју­ва. Не­го­ва­та по­ра­неш­на уни­ја и стра­те­гии на вла­де­е­ње се мно­гу слич­ни со тие од де­неш­на­та Европ­ска уни­ја – ве­лат се­стри­те Вин­чиќ.

Сли­ки­те кри­јат мно­гу сим­бо­ли и по­ра­ки. Ка­ко наб­љу­ду­ва­чот да дој­де до нив?
– Во нив по­сто­јат мно­гу сим­бо­ли и скри­е­ни по­ра­ки, кои ќе го инс­пи­ри­ра­ат наб­љу­ду­ва­чот да гле­да под­ла­бо­ко во све­тот на сим­бо­лиз­мот и да го нај­де сво­е­то ви­стин­ско­то бо­гат­ство. Се­ко­ја сли­ка e прос­ле­де­на со кра­тка исто­ри­ја, ко­ја е по­вр­за­на со лу­ѓе или си­ту­а­ции од Ма­ке­до­ни­ја. Тол­ку­ва­ње­то на Але­ксан­дро­ви­те уви­ди ќе би­де во гла­ва­та на наб­љу­ду­ва­чот. Ве­ру­ва­ме де­ка овие умет­нич­ки де­ла ќе соз­да­дат но­ва пла­тфор­ма за на­та­мо­шен ди­ја­лог – ни об­јас­ни­ја Гор­да­на и На­та­ли­ја.

А ка­пи­и­те на гра­дот?
– Ве­ру­ва­ме де­ка овие де­ла се во­о­ру­же­ни СО КОПЈЕ, исто ка­ко ју­на­кот од ле­ген­да­та, и со не­го ќе ги отво­рат ка­пи­и­те на гра­дот. По­све­тив­ме че­ти­ри го­ди­ни од на­ши­от жи­вот за да ги про­нај­де­ме клу­че­ви­те од се­дум­те ка­пии што во­дат кон ус­пе­шен жи­вот. Ние ги нај­дов­ме клу­че­ви­те истра­жу­вај­ќи ги вна­треш­ни­от и над­во­реш­ни­от свет на сим­бо­ли­те ка­де што нив­но­то чо­ве­ко­во тол­ку­ва­ње бе­ше гла­вен во­дач. Се­дум­те ка­пии се, всуш­ност, нај­важ­ни­те до­ме­ни во жи­во­тот на се­ко­ја ин­ди­ви­дуа. Тие се­дум сим­бо­лич­ни ка­пии прет­ста­ву­ва­ат вле­зо­ви пре­ку кои ин­ди­ви­ду­а­та ги пре­ми­ну­ва преч­ки­те и бло­ка­ди­те за здрав жи­вот, са­мо­до­вер­ба, са­мо­по­чит, кре­а­тив­ност и са­мо­ос­тва­ру­ва­ње”.

Zivot105-2

Од ка­де инс­пи­ра­ци­ја за ва­ква те­ма? И во ка­ква тех­ни­ка се ра­бо­те­ни де­ла­та?
– Инс­пи­ра­ци­ја­та ја до­бив­ме низ сред­би и си­ту­а­ции што ги до­жи­ву­ва­ме во Ма­ке­до­ни­ја. „Се­дум­те ка­пии“ се соз­да­ваа во Швед­ска пос­лед­ни­ве че­ти­ри го­ди­ни. Си­те де­ла се изра­бо­те­ни на ле­не­ни плат­на со јај­че­на тем­пе­ра­ту­ра и со акрил. Цр­та­ни се во ико­но­пис­на тех­ни­ка, стил­ски, сим­бо­лич­но ги прет­ста­ву­ва­ат раз­лич­ни­те мо­мен­ти од овие про­сто­ри. Со­др­жат еден мул­ти­ет­нич­ки спој, а, се­пак, се прет­ста­ве­ни на еден мо­де­рен на­чин со сим­би­о­за на по­ве­ќе тех­ни­ки и сти­ло­ви.

Очиг­лед­на е љу­бо­вта кон исто­ри­ја­та, умет­но­ста, ар­хе­о­ло­ги­ја­та….
– Точ­но. Не­из­беж­но е да се наг­ла­си вли­ја­ни­е­то и под­др­шка­та што ја има­ме од на­ша­та мај­ка, Ма­ри­ја Пе­тров­ска – Вин­чиќ, ко­ја ка­ко ли­ко­вен умет­ник ни ја вса­ди љу­бо­вта кон умет­но­ста и ни ги откри тај­ни­те на сли­карс­тво­то. Но, исто та­ка, свое учес­тво има и на­ши­от та­тко, Жи­во­ин Вин­чиќ, кој по про­фе­си­ја е ар­хе­о­лог, спе­ци­ја­ли­зи­ран за ан­ти­ка­та и кој по­сто­ја­но нѐ но­се­ше на ло­ка­ли­те­ти­те ка­де што се вр­шеа иско­пу­ва­ња во Ма­ке­до­ни­ја. Од не­го на­у­чив­ме за ми­то­ло­ги­ја­та, сим­бо­ли­те, тра­ди­ци­ја­та и дру­ги ин­те­рес­ни при­каз­ни од ми­на­то­то. Ток­му тој ни ја раз­ви огром­на­та жел­ба за истра­жу­ва­ње и љу­бо­пит­но­ста за не­се­којд­нев­ни и не­во­о­би­ча­е­ни на­ста­ни.

Гор­да­на жи­вее во Швед­ска, а На­та­ли­ја во Гр­ци­ја. Да­ли и та­му умет­но­ста е ва­ша пре­о­ку­па­ци­ја?
– Во Швед­ска ги за­вр­шив сту­ди­и­те за со­ци­јал­на ра­бо­та на Уни­вер­зи­те­тот во Лунд, а по­тоа оста­нав да ра­бо­там во со­ци­јал­ни­от се­ктор на др­жа­ва­та. На­та­ли­ја, пак, во Гр­ци­ја ги за­вр­ши сту­ди­и­те за при­ме­не­та умет­ност, а по­доц­на се усо­вр­ши во ико­но­гра­фи­ја­та и ре­ста­ври­ра­ње ста­ри ико­ни во Скоп­је. Во Гр­ци­ја таа 15 го­ди­ни ра­бо­те­ше на сли­ка­ње ико­ни и фре­ски, а во­де­ше и сво­ја га­ле­ри­ја. Де­не­ска таа го сов­ла­ду­ва ду­ри и ѕид­но­то сли­карс­тво. Ра­бо­ти­ме за­ед­но, но де­ла­та ги ко­ри­сти­ме ка­ко ва­жен дел во те­ра­пев­тска­та деј­ност со ин­ди­ви­дуи и гру­пи, а средс­тва­та ги до­ни­ра­ме во ху­ма­ни це­ли и тоа нај­че­сто за де­ца без ро­ди­те­ли – рас­ка­жу­ва Гор­да­на.

 

(Пишува: Невена Поповска | Фото: Ѓорѓи Личовски
Текст објавен во 105. број на неделникот „Република“, 5.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top