| четврток, 6 декември 2018 |

Терминали за ТПГ против заканите на Москва

Не­о­фи­ци­јал­на­та вој­на на Ру­си­ја про­тив Укра­и­на поч­на со еко­ном­ска­та вој­на, пр­венс­тве­но со дра­стич­но по­ка­чу­ва­ње на це­на­та на при­род­ни­от гас со кој Ру­си­ја ја снаб­ду­ва Укра­и­на, што ги до­не­се укра­ин­ски­те ин­ду­стрии, кои во огром­на ме­ра за­ви­сат од енер­ген­ти­те, на ра­бот на ко­лапс и при­до­не­се за вр­тог­лав пад на нив­на­та кон­ку­рент­ност

Из­вор: „Гла­сот на Ру­си­ја“
Цен­тар за евро­а­зи­ско стра­те­ги­ско
раз­уз­на­ва­ње 
(пре­вод: Ма­ри­ја Ма­на­си­е­ва)

 

Еко­ном­ска­та и ге­о­по­ли­тич­ка агре­си­ја на Ру­си­ја ги при­ну­ди европ­ски­те зем­ји да поч­нат про­е­кти за ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја на снаб­ду­ва­ње­то со гас пре­ку бал­тич­ки­те зем­ји и ре­ги­о­нот на Цр­но Мо­ре.

Ли­тва­ни­ја ста­на пр­ва­та зем­ја од Бал­ти­кот што има до­бри мож­но­сти да при­до­не­се кон ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја­та на снаб­ду­ва­ње­то со гас пре­ку тер­ми­на­ли за ТПГ (те­чен при­ро­ден гас). Од по­че­то­кот на 2015 го­ди­на, Ли­тва­ни­ја ќе мо­же да ку­пу­ва при­ро­ден гас од нор­ве­шка­та ком­па­ни­ја „Ста­то­ил“, и со тоа да вне­се раз­но­вид­ност во снаб­ду­ва­ње­то на зем­ја­та со ова го­ри­во здо­би­вај­ќи по­го­ле­ма енер­гет­ска не­за­вис­ност од Ру­си­ја. Тоа ќе би­де ос­твар­ли­во отка­ко ќе за­вр­ши из­град­ба­та на тер­ми­на­лот за ТПГ „Кла­и­пе­да“.

Ли­тва­ни­ја мо­мент­но це­лос­но за­ви­си од ру­ски­от гас. „Гас­пром“ го др­жи мо­но­по­лот во снаб­ду­ва­ње­то на Ли­тва­ни­ја со ова го­ри­во, што ѝ овоз­мо­жу­ва на Ру­си­ја да вр­ши при­ти­сок врз зем­ја­та, ако е по­треб­но.

Ли­тва­ни­ја тро­ши 3,2-3,4 ми­ли­јар­ди куб­ни ме­три при­ро­ден гас го­диш­но, а 48 про­цен­ти од таа ко­ли­чи­на се на­ме­не­ти за по­тре­би­те на ин­ду­стри­ја­та, пре­теж­но хе­ми­ска­та ин­ду­стри­ја. Ка­па­ци­те­тот на ид­ни­от тер­ми­нал за ТПГ „Ка­ла­и­пе­да“ ќе би­де 2-3 ми­ли­јар­ди куб­ни ме­три го­диш­но, со мож­ност за зго­ле­му­ва­ње до че­ти­ри ми­ли­јар­ди куб­ни ме­три. По­и­на­ку ка­жа­но, тие ко­ли­чи­ни ТПГ би мо­же­ле во це­лост да ги за­до­во­лат по­тре­би­те на Ли­тва­ни­ја.

Во ме­ѓу­вре­ме, Ли­тва­ни­ја не­ма це­лос­но да се ди­стан­ци­ра од ру­ски­от гас. Нор­ве­шка­та ком­па­ни­ја се об­вр­за да снаб­ди 540 ми­ли­о­ни куб­ни ме­три гас го­диш­но – тоа е про­це­на­та за ми­ни­мал­ни­от ка­па­ци­тет што е по­тре­бен за тер­ми­на­лот да функ­ци­о­ни­ра. Дру­ги­от дел од ко­ли­чи­ни­те ќе за­ви­сат од ру­ски­от гас и од це­на­та на га­сот.

Фикс­на­та це­на на су­ро­ви­ни­те за снаб­ду­ва­ње со ТПГ не се дел од до­го­во­рот. Це­на­та ќе за­ви­си од бри­тан­ски­от ин­декс за на­ци­о­нал­на точ­ка на рам­но­те­жа. Спо­ред про­це­ни­те на струч­ња­ци­те, зе­мај­ќи го пред­вид ин­де­ксот во пос­лед­ни­те че­ти­ри ме­се­ци, „Ли­тгас“ ќе ѝ пла­ти на „Ста­то­ил“ 345,7-384,1 аме­ри­кан­ски до­ла­ри за ил­ја­да куб­ни ме­три. Пре­ли­ми­нар­на­та вред­ност на це­ли­от до­го­вор се про­це­ну­ва на 0,96-1,15 ми­ли­јар­ди аме­ри­кан­ски до­ла­ри. Во 2014 го­ди­на, спо­ред из­ве­сту­ва­ња­та на ма­сов­ни­те ме­ди­у­ми, Ли­тва­ни­ја ус­пеа да ја на­ма­ли це­на­та на ру­ски­от гас од 480 аме­ри­кан­ски до­ла­ри на 370 аме­ри­кан­ски до­ла­ри за ил­ја­да куб­ни ме­три гас до кра­јот на 2015 го­ди­на.

Спо­ред тоа, од­лу­ка­та за из­град­ба на тер­ми­нал и за вне­су­ва­ње раз­но­вид­ност во снаб­ду­ва­ње­то не е од еко­ном­ски при­чи­ни, ту­ку од по­ли­тич­ки. Таа е ус­ло­ве­на од зго­ле­ме­но­то вли­ја­ние на Ру­си­ја врз по­ра­неш­ни­те зем­ји од СССР и зем­ји­те од Вар­шав­ски­от до­го­вор, ка­ко и од на­па­дот врз Укра­и­на.

Не­о­фи­ци­јал­на­та вој­на на Ру­си­ја про­тив Укра­и­на поч­на со еко­ном­ска­та вој­на, пр­венс­тве­но со дра­стич­но по­ка­чу­ва­ње на це­на­та на при­род­ни­от гас со кој Ру­си­ја ја снаб­ду­ва Укра­и­на, што ги до­не­се укра­ин­ски­те ин­ду­стрии, кои во огром­на ме­ра за­ви­сат од енер­ген­ти­те, на ра­бот на ко­лапс и при­до­не­се за вр­тог­лав пад на нив­на­та кон­ку­рент­ност.

 

Пол­ска го пу­шта тер­ми­на­лот во Сви­но­ујш­че

Тоа не е прв обид на зем­ји­те што за­ви­сат од ру­ски­от гас да се свр­тат кон ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја во снаб­ду­ва­ње­то пре­ку из­град­ба на тер­ми­на­ли за ТПГ. Кон кра­јот на 2014 го­ди­на или на по­че­то­кот од 2015 го­ди­на Пол­ска тре­ба да го пу­шти во упо­тре­ба тер­ми­на­лот во Сви­но­ујш­че, со ка­па­ци­тет од 5 ми­ли­јар­ди куб­ни ме­три го­диш­но, со мож­ност за по­раст до 7,5 ми­ли­јар­ди. Га­сот ќе се снаб­ду­ва од Ка­тар. Пол­ска тро­ши 18 ми­ли­јар­ди куб­ни ме­три при­ро­ден гас го­диш­но, од кои 12 ми­ли­јар­ди куб­ни ме­три се уве­зе­ни.

Фин­ска, исто та­ка, пла­ни­ра да гра­ди тер­ми­нал за ТПГ за да ги снаб­ду­ва бал­тич­ки­те зем­ји со гас. Есто­ни­ја и Фин­ска за­ед­но ап­ли­ци­раа за фи­нан­си­ски средс­тва од ЕУ за истра­жу­ва­ње на мож­но­сти­те за из­град­ба на га­со­во­дот „Бал­тик­ко­не­ктор“, кој би ги по­вр­зал Фин­ска и но­ви­от тер­ми­нал за ТПГ со мре­жи­те на гас во бал­тич­ки­те зем­ји. Про­е­ктот те­жи над 110 ми­ли­о­ни евра.

Ле­то­во поч­на про­ект за из­град­ба на при­ста­ни­ште на отво­ре­но мо­ре во Анак­ли­ја (За­пад­на Гру­зи­ја), во чиј­што со­став вле­гу­ва и тер­ми­нал за ТПГ. Пра­ша­ње­то за ис­по­ра­ка на азер­беј­џан­ски гас во Ро­ма­ни­ја пре­ку Гру­зи­ја и по­ра­но бе­ше пред­мет на актив­на ди­ску­си­ја. При­ста­ни­шта­та Ку­ле­ви (Гру­зи­ја) и Кон­стан­ца (Ро­ма­ни­ја) тре­ба­ше да би­дат ло­ка­ции за из­град­ба на тер­ми­на­ли за ТПГ.

И Бу­га­ри­ја раз­мис­лу­ва за де­лум­на ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја на тер­ми­на­ли­те за ТПГ. Бу­гар­ски­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти Кри­сти­јан Ви­ге­нин из­ја­ви де­ка кри­за­та во Укра­и­на ја при­си­ли Бу­га­ри­ја, ко­ја е за­вис­на од ру­ски­от гас, за­си­ле­но за ба­ра дру­ги снаб­ду­ва­чи. Зем­ја­та ги разг­ле­ду­ва мож­но­сти­те за ку­пу­ва­ње ТПГ од Ка­тар и ја под­др­жу­ва иде­ја­та за из­град­ба на тер­ми­нал за ТПГ во Гр­ци­ја. Ин­те­рес­но е што иде­ја­та за из­град­ба на тер­ми­нал за ТПГ на бре­гот на Цр­но Мо­ре во Бу­га­ри­ја бе­ше пред­мет на пре­го­во­ри уште во 2009 го­ди­на. И Укра­и­на пла­ни­ра да гра­ди тер­ми­на­ли за ТПГ, и тоа уште од 2005 го­ди­на. Оп­сеж­ни­те ди­ску­сии ре­зул­ти­раа со одо­бру­ва­ње на про­е­ктот за из­град­ба на тер­ми­нал за ТПГ, кој ќе би­де сме­стен во при­ста­ни­ште­то Јуж­ни на „Уктранс­на­фта“ во об­ла­ста Ко­мин­терн во ре­ги­о­нот на Оде­са. Ка­па­ци­те­тот на ид­ни­от тер­ми­нал ќе би­де 10 ми­ли­јар­ди куб­ни ме­три го­диш­но. Сè уште не е ре­ше­но кои ќе би­дат снаб­ду­ва­чи, но Укра­и­на лес­но би мо­же­ла да се снаб­ди со по­треб­но­то ко­ли­чес­тво ТПГ од по­ве­ќе из­во­ри исто­вре­ме­но.

 

Ка­ква е ид­ни­на­та на га­со­во­дот „Ју­жен тек“?

По­сто­е­ја твр­де­ња де­ка кри­за­та во Укра­и­на мо­же да би­де за­ка­на за про­дол­жу­ва­ње на ру­ски­те пла­но­ви за раз­вој на нов га­со­вод во Евро­па. Се­пак, ана­ли­ти­ча­ри­те се­га ве­лат де­ка не е ве­ро­јат­но де­ка та­ква­та си­ту­а­ци­ја ќе на­пра­ви не­ка­ква раз­ли­ка. Брен­дан Кол од „Гла­сот на Ру­си­ја“ раз­го­ва­ра­ше со Гок­че Ме­те, истра­жу­вач­ка во Цен­та­рот за енер­ги­ја, на­фта и пра­во и по­ли­ти­ка на ми­не­ра­ли на Уни­вер­зи­те­тот „Дан­ди“.

Ру­си­ја мо­мент­но вло­жу­ва ми­ли­о­ни фун­ти во га­со­во­дот „Ју­жен тек“, кој ќе ја за­о­би­ко­ли Укра­и­на за да ис­по­ра­ча гас до европ­ски­те по­тро­шу­ва­чи. Спо­ред мно­гу­ми­на, до­кол­ку си­ту­а­ци­ја­та се вло­ши, Евро­па ќе ги оне­воз­мо­жи пла­но­ви­те на Ру­си­ја би­деј­ќи од­но­си­те со За­па­дот се сè по­за­тег­на­ти, а еко­ном­ска­та бло­ка­да при­до­не­су­ва за ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја на снаб­ду­ва­чи­те на гас и за на­ма­лу­ва­ње на за­вис­но­ста од Ру­си­ја. Не­кои зем­ји од ЕУ има­ат по­го­ле­ма по­тре­ба од ру­ски гас во спо­ред­ба со дру­ги­те, па изра­зи­ја жел­ба га­со­во­дот да по­ми­ну­ва пре­ку нив, и по­крај про­ти­ве­ња­та на Бри­сел.

Гок­че Ме­те ве­ли: „Про­е­ктот ќе про­дол­жи без ог­лед на слу­чу­ва­ња­та“.

Спо­ред неа, енер­гет­ски­те про­е­кти се при­лич­но ри­зич­ни би­деј­ќи не­ма до­вол­но увоз­ни тер­ми­на­ли. Мно­гу е те­шко да се отсе­че ру­ски­от гас од вна­треш­ни­те па­за­ри на ЕУ. Од ин­фра­стру­кту­рен ас­пект, Источ­на Евро­па е за­вис­на од Ру­си­ја и тоа не мо­же да се про­ме­ни.

– „Ју­жен тек“ ќе го пре­на­со­чи снаб­ду­ва­ње­то што во мо­мен­тов оди пре­ку Укра­и­на. Ова се од­не­су­ва на си­гур­но­ста во снаб­ду­ва­ње­то, но не и на ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја­та. Ако Укра­и­на ги ис­це­ди ре­зер­ви­те на гас на­со­че­ни кон Евро­па, то­гаш Ру­си­ја вед­наш ќе ги зго­ле­ми ко­ли­чи­ни­те во га­со­во­дот „Се­ве­рен тек“ и ќе иско­ри­сти дру­ги га­со­во­ди ка­ко кра­тко­роч­но ре­ше­ние – ве­ли таа.

– Се­ко­гаш е по­до­бро да се има еден га­со­вод ме­сто не­кол­ку. Ру­си­ја не се сме­та се­бе­си за не­си­гу­рен снаб­ду­вач. Не зна­е­ме што се слу­чи­ло ме­ѓу Ру­си­ја и Укра­и­на во 2006 го­ди­на и во 2009 го­ди­на. По­сто­е­ње­то дру­га мож­ност за тран­зит прет­ста­ву­ва си­гур­ност во тоа сце­на­рио – до­да­ва Ме­те.

Гок­че Ме­те по­тсе­ту­ва де­ка во 2006 го­ди­на и во 2009 го­ди­на Укра­и­на из­ја­ви­ла де­ка Ру­си­ја не снаб­ду­ва со гас.

– Ру­си­ја ре­че де­ка снаб­ду­ва, но де­ка Укра­и­на го цр­пи га­сот што Ру­си­ја го ис­по­ра­чу­ва кон Евро­па. Без ог­лед на тоа, од­но­си­те ме­ѓу Ру­си­ја и Укра­и­на во пог­лед на снаб­ду­ва­ње­то со гас се вло­ше­ни не­по­прав­ли­во би­деј­ќи снаб­ду­ва­ње­то бе­ше пре­ки­на­то три­па­ти за по­мал­ку од ед­на де­це­ни­ја. Ако Укра­и­на го пре­ки­не га­сот кон Евро­па, то­гаш Ру­си­ја ќе мо­ра да пла­ти на­до­мест. Ру­си­ја ба­ра на­чин да го спре­чи тоа – до­да­ва таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top