| четврток, 6 декември 2018 |

Вандализам во Кичево: Коските на борците од НОБ расфрлени околу костурницата на Китино кале (ФОТО+ВИДЕО)

На Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, делегациите што отишле на кичевското Китино кале за да положат цвеќе пред спомениците на македонските херои од Народноослободителната борба, биле затечени од ужасна глетка.

kale

Коски и черепи од паднатите борци биле расфрлани насекаде околу спомен-костурницата, а некој го скршил катанецот и провалил во костурницата на Китино кале над Кичево, каде што се положени останките од околу 500 борци. Исто така, биле откорнати сите плочки со имињата на народните херои од Втората светска војна.

kost

Сепак, следните денови некој ги собрал коските и ги вратил во костурницата заедно со катанецот од оградата.

Од полицијата потврдуваат дека постои ваков случај и велат дека бил пријавен на 5 септември, а според увидот што бил извршен на местото е евидентирано уништување на влезната врата, но само во еден дел од костурницата биле претурани и растурани коски, а бистите на борците се уништуваат веќе подолг период.

Овие настани, за жал, не се реткост во кичевското Китино кале, но никој не презема одговорност ниту пак се прават напори за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top