Државниот секретар на САД, Џон Кери вети во Ријад дека Вашингтон ќе ги помогне сириските востаници и исклучи можност САД да ги вооружат.
– САД се ангажираат да работат за засилување на сириската опозиција, изјави Кери на заедничка прес конференција со саудискиот колега принц Сауд Ал Фејсал.
Администрацијата на САД смета дека „нема гаранции дека оружјето не би стигнало во лоши раце“. Тој ги имаше предвид џихадистите вклучително и фронтот Ан Нусра кои се борат заедно со востаниците против режимот на Башар Асад.
САД ја сметаат Ан Нусра за терористичка организација поврзана со Ал Каеда.
Саудискиот министер за надворешни работи истакна „право на сирискиот народ да се одбрани“ и побара меѓународно ембарго за оружје за сирискиот режим“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.