Исламската држава има меѓу 20.000 и 31.500 борци во Ирак и во Сирија, соопшти американската Централна разузнавачка служба, ЦИА, укажувајќи дека претходно оваа организација имала околу 10.000 борци.
– ЦИА на основа на новите безбедносни извештаи од мај до август проценува дека ИСИЛ досега брои меѓу 20.000 и 31.500 борци низ Ирак и Сирија -соопшти портпаролот на ЦИА, Рајан Трапани, пренесува АП.
Овие бројки покажуваат дека дошло до зголемување на бројот на милитанти од јуни и дека нивната зголемена мобилизација коинцидира со воените успеси на џихадистите и прогласувањето калифат, наведува портпаролот на ЦИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)
-
Што следела ЦИА во Југославија по смртта на Тито?