| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА се сомнева во Русија и во Израел

Bayern Munich vs CSKA MoscowЕвропската фудбалска федерација (УЕФА) изрази сомнеж во способноста на Русија и Израел околу организацијата на Европското првенство 2020 година.

Причината за сомнежот на УЕФА е актуелната безбедносна и политичка состојба во Израел, но и во Русија.

Поради актуелната состојба и судирите во Газа, на Израел од јули месец му е забрането да биде домаќин на меѓународни натпревари, па фудбалските екипи од оваа земја кои настапуваа и настапуваат во меѓународните фудбалски натпреварувања, своите средби како домаќин ги играат на Кипар. Таков беше и последниот случај односно дуелот на младата селекции до 21 година, која квалификацискиот дуел за ЕП против Македонија го играше во Лимасол.

УЕФА на 19 септември ќе треба да ги одреди тринаесетте градови домаќини на ЕП во 2020 година, а меѓу кандидатите се Санкт Петербург и Ерусалим.

Воедно од УЕФА најавија дека шкотскиот Глазгов е добар кандидат бидејќи има искуство во организација на големи натпреварувања, но дека резултатот од референдумот за независност на Шкотска би можел да биде голема пречка за овој град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top