Според италијанските медиуми, стотина борци од Косово и Метохија учествуваат во терористичките акции на паравоените формации на Исламската држава.
Италијанскиот весник “L’Espreso“, истакнува дека од Косово досега се погинати 16 лица кои им се придружиле на трупите на екстремните исламисти, како и дека еден загинал при самоубиствен напад, а десетина се уапсени во Ирак и Сирија.
“L’Espreso“, наведува примери на двајца Косовари, 24 годишниот Ментор Зејнулаху и осум години помладиот Албанец, кои се уапсени на аеродромот во Тирана кои имале намера да стигнат до Истанбул, а потоа во Ирак или Сирија.
„Нова граница е исламскиот радикализам, а нови непријатели се неверниците. Во регионот во кој исламот е научен да живее заедно со останатите религии и каде секогаш се покажувала толерантна страна, фундаментализмот покажува дека е длабоко вкоренет во етничкиот мозаик кој го направил Тито“, пишува весникот.
“L’Espreso“, исто така, наведува дека терористичките келии се финансираат од страна на невладини организации од Саудиска Арабија, Англија и Турција, како и дека главни финансиери се поранешните борци на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Доказот дека има повеќе од 43 албански државјани во редовите на Исламистичката држава, колку што наведува и владата во Тирана, е поткрепени и од извесен Блерим Хета, роден и израснат во Германија, кој во самоубиствен напад во Багдад уби 52 полицајци и дека прогласувањето на ИД на калифат е преведен и на албански јазик.
Како начин на регрутирање, главно тинејџери, се користи интернетот, каде доказите за злосторствата џихадистите ги поставуваат на социјалните мрежи, што беше случај со Лавдрим Мухаџери, наведува командантот на Балканската бригада на ИД.
“L’Espreso“, како најголем проблем го наведува тоа што по враќањето на Косово, џихадистите не можат да одговараат за злосторствата бидејќи не постои законска процедура преку која може да се спроведе. Исто така, како куриозитет, се наведува дека Мухаџери и Хета работеле во Бондстил, американската база на Косово.
Базата се наоѓа во близина на Урошевац, каде се наоѓа и главната регрутна точка на џихадистите, а весникот напоменува дека српската тајна служба 2003 година установила дека во хотелот Лион се наоѓа седиштето на исламистичката организација Релиф, која регрутира деца без родители за изведување на самоубиствени акции.
Неодамна на Косово и Метохија се уапсени повеќе од 40 лица за кои постои основано сомневање дека планираат терористички акции како членови на Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Беса Илинденска Македонија е неприфатливо име за Албанците
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)