Нина Бадриќ го доживела најтешкиот момент во животот, смртта на нејзинот татко. Како што пишуваат хрватските медиуми, таа била многу битна за нејзиниот татко, а тој за неа претставувал најдобриот пример во животот.
– Пејачката е тажна и неколку дена не била при себе. Со денови плачела и никому не ми одговарала на телефон. Планирала некое време да се повлече од јавноста додека психички не се смири, меѓутоа сфатила дека самотијата нема да и донесе ништо добро. Кога е затворена во станот често ќе и се враќаат спомените и ќе и биде уште полошо. Па така веднаш се фатила за работа и помалку размислува за немилиот настан – изјавил пријтел на пејачката и додал дека многу нејзини колеги и изразиле сочуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.