| четврток, 6 декември 2018 |

Лејди Гага видно здебелена: Подобро дебела, отколку плитка (ФОТО)

Гордо покажувајќи ги своите видно зголемени облини на „Инстаграм“, Лејди Гага, потешка за околу 15 килограми, јавно се откажа од гладувањето.

– Ако на полноќ посакам пица, тогаш тоа ќе си го дозволам. Не сакам повеќе да бидам преслаба и да си забранувам толку прекрасни нешта како што е храната – вели Гага.

Секако, веднаш се јавија и оние кои го осудија нејзиниот нов изглед и новата одлука, па започнаа да ја критикуваат на друштвените мрежи.

– Подобро дебела, отколку плитка – одговори таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top