| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски ја почна предизборната кампања

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски ја започна кампањата со претставување на реализираните проекти во зминативе четири години и ги повика граѓаните да излезат на изборите и да му дадат масовна поддршка. Tој побара да се гласа и за советничката листа на ВМРО- ДПМНЕ, бидејќи како што рече стои зад неговата програма

5000bbbbbbbb
Коце Трајановски во неговата програма најавува изградба на подземната сообраќајница од Илинденска, па сè до Народна банка, ски- патеки на Водно, проширување на блеварот Трета македонска бригада, реализација на идејата за трнвај во Скопје,  формирање дирекција за јавен превоз, изработка на стратегиска карта за бучава, спроведување регистар на домашни миленичиња, фестивал на цвеќето, воведување зелен катастар во Скопје, бележење пешачки патеки на Водно, привлекување домашни и странски туристи, изградба на нов автопазар, панорамско тркало, реконструкција на фасади, снабдување со вода на Железара и Автокоманда, проектирање и изведба на фекални канализации во населените места и многу други значајни проекти за Скопје. Ова се дел од планираните проекти на Трајановски.

Трајановски рече дека сè што било ветено во 2009 година, било остварено, и нагласи дека она што е предвидено во четиригодишната програма ќе се оствари.

– Во изминатите четири години работевме макотрпно и посветено и реализиравме клучни проекти кои го подобрија живеењето во Скопје. Тие проекти немаше да бидат реализирани доколку не ја добивме поддршката од Советот на Градот. Ако немаше донесено одлука на Советот, немаше да ги реализираме булеварот Илинден, Св. Килимент Охридски, Теодосиј Гологанов, ако немаше одлука и поддршка од Советот немаше да го направиме ниту турбокружниот тек и многу други проекти за кои задолжително беше потребна поддршка од Советот на Град Скопје. Ние таа одлука ја добивавме, но таа не бепе целосна со оглед на тоа дека немавме мнозинство во Советот – додаде Трајановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top