
Исклучително силна соларна бура е на пат кон Земјата. За среќа, се чини дека најголемиот дел од бурата ќе ја одмине нашата планета, па последиците од „вселенското невреме“ нема да бидат премногу сериозни, јавува „Асошиејтед прес“.
Силна соларна бура не нè погодила неколку години, вели Том Бергер, директор на центарот за вселенска временска прогноза во Колорадо. Пламенот на површината на Сонцето, од каде што потекнува соларната бура, спаѓа во групата „екстремни“ според мерките на вселенската метеорологија, но додека да дојде до нас силата ќе опадне на „потенцијално силна“ бура.
Новите пресметки, добиени благодарение на вселенските информации, покажуваат дека најголемиот дел од невремето ќе мине северно од Земјата, поточно над Северниот Пол.
Се очекува дека ќе се појават помали пречки во електричните мрежи, особено на северната хемисфера, но нема да има дефекти предизвикани од соларната бура ниту ќе има прекин на електричната енергија. Исто така се очекуваат и помали пречки во сателитските и радиокомуникациите.
Бурата патува со брзина од 4 милиони километри на час, па, според тоа, до Земјата би стигнала утре во раните утрински часови. Соларните бури се честа појава и директно не можат да нè повредат.
– Се случила гигантска магнетна експлозија на Сонцето. Поради тоа што се случила на делот од Сонцето, кое е свртен кон нас, ќе нè зафати облак од магнетизирана плазма, која може да ја наруши Земјината магнетосфера, а тоа може да доведе до привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија и прекин на комуникациите – објаснува Бергер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


