| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена детска градинка во Кисела Вода

За време на продолжениот празничен викенд, односно од 5 до 9 септември годинава, во скопската населба Кисела Вода на ул. „Христо Татарчев“ во детската градинка „8 Март“, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба при што одзел монитор, принтер-скенер, ДВД и касетофон, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 25.400 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top