| четврток, 6 декември 2018 |

Каталонија и Шкотска: Ист сон, различна историја

Стотици илјади Каталонци денеска, на Националниот ден на Каталонија, ќе излезат на улиците на Барселона со барање да им се овозможи референдум за независност.

barsa

Референдумот во Шкотска за отцепување од Обединетото Кралство кој ќе се одржи за седум дена им даде ветар во грб на Каталонците, кои сакаат да се одвојат од Шпанија, меѓутоа тие две кампањи се создадоа во потполно различни околности кои би можеле да го одредат нивниот успех, оцени агенцијата АФП.

Шкотска е составен дел на Обединетото Кралство од 1707 година, но Шкотска ги сочува своите институции, вклучително и Презбитеријанската црква на Шкотска која остана одвоена од Англиканската црква на Англија.

Создавањето на Велика Британија „било барем уставно, а не освојување“, вели политичкиот експерт од Единбуршкиот универзитет, Дејвид Мекрон.

– Секогаш постоела можност за отцепување на Шкотска и тоа би било политичка, но не и уставна криза – нагласува Мекрон.

481572_skotska-foto-reuters_f

За разлика од Шкотска, Каталонија бара отцепување од една обединета држава што доведува до уставни проблеми, а тоа шпанскиот премиер Маријано Рахој сака да го спречи.

Каталонија го загубила својот статус во шпанските војни за наследник кои се воделе од 1701 до 1715 година, а кога поддржала погрешен кандидат за престолот, па така кралот Филип Петти ги казнил со укинување на каталонските институции.

Наредните два века Каталонија станува економски мотор на Шпанија која полека пропаѓала и на крајот на 19 век остана без своите најголеми колонии Куба и Филипини.

– Шпанија станува некој вид товар на своите најбогати региони – Каталонија и Баскија – вели политикологот од Единбург, Луис Морено.

Со Шкотска се случило спротивното – таа напредувала во рамките на Велика Британија.

Просечната годишна заработка во Каталонија е 27.300 евра, а во Шкотска изнесува 32.700 евра, што во двата случаи е над државниот просек.

Шкотска задржала некој вид правна независност во Велика Британија како и политичко влијание. Во последните 50 години во Шкотска се родени најмалку три премиери – Харолд Мек Милан, Тони Блер и Гордон Браун.

– Ќе мора да се вратиме во 19 век за да пронајдеме Каталонец на премиерското место на Шпанија – истакнува агенцијата АФП.

И Шкотска и Каталонија имаат свои парламенти и влади, додека Каталонија има и свој јазик кој се користи и во школите и во секојдневната комуникација. Во Шкотска, пак, само еден отсто од популацијата зборува шкотски јазик (односно шкодско-келтски)  јазик.

– За Каталонија националното движење долго означува зачувување на карактеристичното културно наследство, додека шкотските националисти „ изречно ја одбиваат културната дефиниција на Шкотите“ – рекла Чарли Кинг, професорка по меѓународни односи на Универзитетот „Џорџтаун“, пренесува АФП.

Наместо тоа, нивниот фокус е на „идејата дека Шкотите, пред сѐ, се по природа социјалдемократи во судир со конзервативниот став на сегашната британска влада, заклучила Кинг.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top