| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ бара намалување на пензиите и на платите во Србија за 10 проценти

Меѓунардониот монетарен фонд бара од Владата на Србија да ги намали средствата наменети за пензии и за плати на вработените во јавниот сектор за 10 проценти, објави во денешниот број белградскиот весник „Блиц“.

MMF

Извор во српската Влада за весникот вели дека ММФ не го интересира за колку ќе бидат намалени платите и пензиите, туку само бара смалување на вкупната маса на средствата предвидени за таа намена.

Весникот наведува и дека Фондот бара смалување на јавниот долг на Србија во следните три години, како и воведување на мерки на штедење имајќи предвид дека во изминативе години Белград троши 15 до 20 проценти повеќе средства отколку што прибира.

ММФ не инсистира на ниту една конкретна мерка, но наведува дека не гледа начин за избегнување на криза со јавниот долг во следните три години, доколку државата продолжи да троши 11 проценти од вкупните буџетски средства за плати во државниот сектор и 14 проценти за пензии, наведува соговорникот на „Блиц“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top