| четврток, 6 декември 2018 |

Во Австралија го испитуваат евентуалниот случај на ебола

Во австралиска болница се наоѓа пациент кој минатиот месец се вратил од Конго и кој беше подложен на тестирање за ебола, но мала е веројатноста дека тој боледува од таа болест, изјави денеска директорот на Одделението за инфективни болести, Џон Џерард.

ebola2

– Мажот на возраст од 27 години е изолиран и подложен на тестирање по приемот во универзитетската болница во Квинсленд во состојба на „акутна болест“ – истакна Џерард.

Тој се вратил од Златниот Брег, туристичко место во Конго, на 28 август и во австралиската болница е подложен на сите интервенции во согласност со протоколот.

– Резултатите од тестовите ќе бидат познати во текот на денот – истакна Џерард и додаде дека не верува оти во прашање е еболата. Тој наведе дека еден од симптомите на еболата е грозница, а пациентот моментално го нема тој симптом.

Во Конго е забележан помал број заболени од ебола, додека најголем број заболени има во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја и во Нигерија.

СЗО вчера соопшти дека од ебола починале 2.296 лица, додела 4.293 се заболени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top