| четврток, 6 декември 2018 |

Американците целосно опуштени на СП во Шпанија (видео)

Првиот фаворит на Светското првенство во Шпанија, селекцијата на САД, нема многу грижи во Шпанија и е целосно опуштен пред натпреварот со својот нов противник, екипата на Литванија.

Додека другите национални тимови кои се во трка за некој медал се максимално фокусирани на тренинзите, во соблекувалната на САД владее одлична атмосфера.

За тоа сведочи и последниот тренинг на кој крилниот центар на Денвер, Кенет Фарид, и плејмејкерот на Голден стејт, Стеф Кари, вежбаат шутирање, но од клупата.

Со оглед на тоа што го покажаа досега, Американците имаат право да бидат опуштени бидејќи не наидоа на достоен противник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top