| четврток, 6 декември 2018 |

Почина „металната вилица“

SpyWhoLovedMe

Почина Ричард Киел, познат по улогата на Џос, металната вилица, во „Шпионот што ме сакаше“ со тајниот агент Џејмс Бонд.

Оваа улога ја одбележа кариерата на Киел.

Тој почина на возраст од 75 години во болница во Калифорнија. Неговата смрт ја потврдил портпаролот  на болницата во која ги минал последните мигови од животот. Киел неодамна ја скршил ногата, па поради тоа морал да остане во болница. Причината за смртта не е позната.

Освен по улогата во филмот за Бонд, тој беше препознатлив и по својата височина од дури 218 сантиметри, а  глумеше и во филмот „Среќниот Гилмор“ со Адам Сендлер. Беше оженет и имаше четири деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top