| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје по петти пат ќе се прска против комарци

Од утре до 17 септември на подрачјето на Скопје по петти пат ќе се прска против комарци, соопштија денеска од Град Скопје.

Утре во периодот од 5.30 до 8.00 часот ќе се реализира авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Aеросолната дезинсекција (терестрична) на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 13 до 17 септември (од сабота до среда), во период од 23 до 04  часот.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција – се вели во соопштението од Град Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top