
Македонскиот државјанин Ѓерѓи Ѓин (36) е еден од шестемина мажи, членови на поголема криминална банда, кои облечени во бурки, лани ограбија луксузна продавница за часовници „ролекс“ во Бахреин, од каде што си заминаа со плен од 1.4 милион долари. Иако главните актери за овој милионски грабеж не се уапсени, се очекува судот во Бахреин во наредната недела да ја донесе пресудата против обвинетите во нивно отсуство. Со ова властите во Бахреин очекуваат да ја забрзат постапката за нивно пронаоѓање и за нивна екстрадиција, пишува Дневник.
Шестемина балкански крадци, освен што биле облечени како Арапки, носеле и детска количка за да не изгледаат сомнително кога ќе го изнесуваат пленот од продавницата за луксузни часовници. Инаку тие го извршиле грабежот кратко време откако продавницата затворила. Kрадците го нападнале чуварот и го онеспособиле и за кратко време ги собрале вредните часовници и побегнале.
По грабежот, полицијата врз основа на видеоснимките од безбедносните камери во трговскиот центар во Бахреин, ги идентификува осомничените. Потерници беа издадени по Алију Рахман (30) од Србија, Франи Петрит (32) и Дедај Астрит (23) од Албанија, Екрем Гаши (35) и Абази Гентијан (24) од Kосово и Ѓерѓи Ѓин (36) од Македонија. Само два часа по грабежот тие го напуштиле Бахреин, а локалната полицијата уапсила Американец и Турчин, кои наводно им помогнале логистички да ги скријат и изнесат украдените часовници надвор од земјата. Подоцна некои од украдените луксузни часовници биле пронајдени.
Бахреин сега отворено бара помош од државите од каде што потекнуваат крадците да ги пронајдат и да ги екстрадираат.
Шефот на бахреинската јавна безбедност, генерал Тарик Ал Хасан, вели дека во работат на екстрадиција на осомничените.
– Процесот е тежок и подразбира повеќе билатерални договори помеѓу земјите за испорака на осомничените и работиме на ова прашање – вели тој за медиумите во Бахреин.
Во меѓувреме бил уапсен и е еден од Kосовците, но тој не бил екстрадиран иако во тек е судската постапка. На минатото рочиште, на кое се очекувало да биде донесена и пресудата, во Бахреин бил презентиран нов доказ со кој се потврдило дека Kосовецот бил на местото на грабежот.
Станува збор за ДНK-материјал, за кој се потврдило дека му припаѓа на осомничениот Kосовец.
На клупата за обвинети во Бахреин се само Турчинот и државјанинот на САД, кои тврделе дека не се дел од групата и оти немаат врска со грабежот.
Во меѓувреме потерницата по македонскиот државјанин Ѓин е објавена и на Интерпол. Сепак, освен неговата возраст и неговиот лик и земјата од каде што потекнува, нема други податоци за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)


