| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија од санкциите „губи“ 11.000 работни места

RU-Banned-ImportsСанкциите на ЕУ и противмерките на Москва можат да му нанесат штета во висина од 775 милиони евра на австриското стопанство, што одговара на загрозување на 11.000 работни места. Експертот од виенскиот економски институт ВИФО, Оливер Фриц, во изјава за виенскиот весник „Стандард“, вели дека тоа доаѓа од претпоставката дека извозот во Русија ќе падне за една петтина.

Во оваа пресметка не се вклучени индиректните последици по производителите на делови, на пример, за производство во Германија наменето за Русија, а не се анализирани ни последиците по финансискиот пазар и туризмот. Меѓутоа, Фриц верува дека ефектите од украинската криза по стопанството ќе бидат на ниво на промили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top