Водечкиот светски синџир на пицерии „Пица хат“ има намера да влезе на пазарите во Хрватска и во Словенија и бара партнери кои би отвориле ресторани во овие две земји. „Пица хат“ бара партнери кои во Хрватска и во Словенија можат да отворат најмалку три ресторани под неговиот бренд. Иницијалниот надомест изнесува 46.900 долари по ресторан, но тој што ќе ја доби франшизата не стекнува автоматски и ексклузивни права за работа под брендот „Пица хат“ на одреден пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


