| четврток, 6 декември 2018 |

Вељановски на Европската конференција на претседатели на парламенти

Trajko-Veljanovski-top2Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска и утре на покана на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа и претседателот на норвешкиот Стортинг ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти што ќе се одржи во Осло.

Во рамки на конференцијата, претседателот Вељаноски ќе се обрати на првата сесија „Основни уставни права и слободи – учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија“.

На вториот ден од Конференцијата, Вељаноски ќе учествува и ќе се обрати на третата сесија „Мнозинство и опозиција – постигнување рамнотежа во демократијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top