Американскиот претседател Барак Обама најави дека САД ќе ја прошират воената кампања со напади од воздух врз борците на исламистичката група Исламска држава, без разлика каде и да се наоѓаат тие.
Обама, сепак, истакна дека проширувањето на кампањата ќе биде спроведено по ирачката граница и со цели на Исламска држава во Сирија.
Во директно телевизиско обраќање до нацијата Обама нагласува дека САД нема да се колебаат да ги нападнат борците на Исламската држава во Сирија и нема да дозволат тие да најдат безбедно засолниште.
Американскиот претседател најави дека САД ќе предводат широка коалиција со цел да ја ослабнат, а потоа и целосно уништат Исламска држава.
Активностите на САД во борбата против исламистите не предвидуваат испраќање на војници за копнени акции, истакна Обама.
Сепак во Ирак ќе бидат испратени дополнителни 475 американски војници, што ќе бидат поддршка на ирачката армија во борбата против терористите и ќе се грижат за безбедноста на американските дипломати.
Во Ирак веќе се распоредени преку 1.000 американски војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД


