
Во најголемиот аргентински град Розарио, инаку родниот град на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси, е забрането децата да се викаат Меси, пренесува агенцијата Анадолија.
Според шпанските и аргентинските медиуми, се поголем број родители решаваат на своите деца да им дадат име Меси, како што е презимето на славниот фудбалер.
Причината за забрана се објаснува со фактот дека давањето на презимето на најпознатиот фудбалер како име на новороденче доведува до забуна во матичните процедури.
Од друга страна пак еден Аргентинец од јужната покраина Рио Негро добил посебна дозвола од локалните власи за да му даде име на своето дете Меси Даниел Варела, што предизвика големо негодување кај жителите на Розарио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


