| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија – починал откако го прифатил предизвикот и се полеал со студена вода

stefan-klem-foto-bildde-1410350746-565417

Поранешниот германски фудбалер Штефан Клем починал од мозочен удар кој бил предизвикан со полевање со студена вода.

Клем (48), кој во младоста играл фудбал во пониските германски лиги, во крајот на август се приклучил на студениот предизвик и се полеал со студена вода. Тој се полеал со четири канти студена вода со цел собирање донации за лечење на болеста АЛС. Потоа со денови се жалел дека не се чувстува добро.

– Штефан се жалеше на боли во вратот и во грбот. Не бевме загрижени, бидејчи тој често работи на компјутер – коментираа неговите пријатели.

Штефан бил пронајден мртов во неговата канцеларија и по обдукцијата се утврдило дека доживеал мозочен удар, а причината била полевање со студена вода.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top