
Листеријата во Данска ја зеде петнаесеттата жртва, потврди Данскиот државен Серум институт (ССИ), додавајќи дека бројот на заразени се зголемил на 38 лица. Ширењето на листеријата во Данска доведе до затворање на една компанија и повлекување на вкупно 30 производи, меѓу кои и повеќе видови рулеполсе, салами и виршли, пренесе порталот „Локал“.
Данската администрација за ветеринарство и храна во понеделникот предупреди за ризик од листерија во риба-иверка која била продавана од страна на компанијата „Хјертинг Лакс“. Властите ги советуваа консументите кои можеби имаат ваква риба купена од компанијата пред први јуни да ја фрлат или да ја вратат од каде ја купиле. Администрацијата беше мета на критики бидејќи не дејствувала доволно брзо во одговарањето на ширењето на листеријата, а министерот за земјоделие, Дан Јоргенсен истакна дека биле направени сериозни грешки.
И покрај континуираните проблеми со листеријата и неодамнешните стравувања од салмонела и МРСА, данската влада предложи скратување на финансирањето на безбедноста на храната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


