Доколку се погледне архивата на годишните извештаи на Фондацијата Отворено општество – Македонија, на страницата на организацијата на Сорос во Македонија, и притоа се соберат сите средства кои за 21 година се влеале во Македонија, тогаш се добива фрапантна сума од приближно 93 милиони евра.
Парите, распределувани по волја и видување најмногу на директорот Владимир Милчин, биле употребени за создавање на невладина и медиумска мрежа која треба да служи за влијание, наместо за суштински проекти.
За пример, реконструкцијата на автопатот Велес-Скопје чини 5,7 милиони евра за 23 километри. Со буџетот на Сорос ќе се реконструирале 390 километри автопат. Потоа, ТИРЗ Радовиш, најновата зона, чини 11 милиони евра. Сорос со парите можел да изгради осум нови индустриски зони за странски инвестиции за нови вработувања. Доколку се споредат, Сорос можел да инвестира во здравството, бидејќи толку, 100 милиони евра во него вложи Владата. За споредба што се можело да се постигне со буџетот на Сорос за овие 21 година можеше да се изградат 13 патишта ако се спореди дека Струмица- Радовиш чини 7,2 милиони евра, или пак 144 училишта, бидејќи новата училишна зграда во скопски Аеродром чинеше 2,1 милион евра. Ваквите споредби за тоа што се што е од јавен интерес можело да се направи со парите од фондацијата Сорос може да одат до недоглед.
Но, наместо суштински проекти, Милчин, односно ФООМ, со парите од Сорос, постојат само, како самиот посочува, седум медиуми, кои треба да ги пренесуваат финансираните трибини, прес- конференции и слично, од кои според некои наводи, некои личности добро профитираат.
За тоа колкаво е влијанието на Милчин, деновиве во јавноста се води дебата поттикната токму од човек- грантист на Милчин, Саше Ивановски, кој откри дека токму директорот на Сорос ги одбирал но и ги одбивал колумнистите кои би требало да пишуваат на финансираниот медиум. За карактерот на Милчин и за влијанието кое го врши со парите на фондацијата, Ивановски го открива и со однесувањето во јавноста, кога, како вели, му се дерел пред јавност бидејќи објавил текст што не му била по волја на Милчин.
При прегледот на годишните извештаи, во очи паѓаат неколку години- 1994, 2002 и 2004 година. 1994-та и 2002-ра беа изборни години во Македонија, додека во 2004-тата се одржа неуспешниот референдум за територијалната децентрализација. Индикативно е што токму тие години Сорос има збогатен буџет.
Да биде сликата појасна, еве ги буџетите за сите поминати 21 година.
1992-93 година 3 648 969 долари;
1994 година 12 203 577 долари;
1994 е изборна година во Македонија кога драматично се зголемува и буџетотна фондацијата;
1995 година 5 981 099 долари;
1996 година 4 932 635 долари;
1997 година 4 886 398 долари;
1998 година 4 854 289 долари;
1999 година 7 954 462 долари;
2001 година 5 946 606 долари;
2002 година 7 126 591 долари;
2002 е година на парламентарни избори во Македонија и повторно зголемен буџет на Сорос;
2003 година 5 733 253 долари;
2004 година 7,305,637 долари;
2004 година се одржа неуспешниот референдум за територијалната децентрализација и повторно зголемен буџет на Сорос;
2005 година 5 958 145 долари;
Од 2006 година буџетот на ФООМ наместо во долари, се пресметува во евра.
2006 година 5 427 143 евра;
2007 година 5 152 201 евра;
2008 година 4 954 957 евра;
2009 година 4 989 189 евра;
2010 година 4 429 544 евра;
2011 година 4 164 949 евра;
2012 година 4 811 458 евра;
2013 година 5 200 000 евра.
Вкупната сума на ФООМ, Сорос за 21 година изнесува 92 819 179 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.