| четврток, 6 декември 2018 |

70 милиони евра се одлеале од Црна Гора

Centralna-banka-Crne-Gore-06-uОд Црна Гора за седум месеци се одлеале околу 70 милиони евра странски директни инвестиции, што е за една четвртина повеќе од истиот лански период. Само пред еден месец, тој износ изнесувал околу 53 милиони, но во Централната банка на Црна Гора тврдат дека податоците не се загрижувачки. Од вкупниот одлив на странски директни инвестиции, 10,1 милион се инвестиции на Црногорци во странство, 11,1 е повлечен странски капитал од банки и фирми, 19,1 од продажба на недвижнини на странци и 29,1 милион евра се интеркомпаниски долг, соопштија од Централната банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top