Исламската држава објави дека во својот арсенал од сега поседува и воени авиони, заробени во сириската база ал-Табка, која исламистичките радикали ја освоиле пред две недели.
Во новото пропагандно видео, борците на ИСИЛ позираат со млазните авиони и мафтаат црни знамиња, но сепак не се гледа ниту еден авион во лет.
За сега не е познато дали поседуваат се што им е потребно за пилотирање, полнење со гориво, поправка, одржување и вооружување на заробените авиони.
Според некои медиуми, заробени биле и неколку пилоти заедно со нивните авиони и хеликоптери по битката за базата ал-Табка, која била една од најкрвавите во војната во Сирија. Милитантите на твитер изјавиле дека заробените пилоти сега ги тренираат милитантите.
По освојувањето на базата, милитантите присилиле поголем дел од заробените војници голи да маршираат низ пустината каде што ги егзекутирале, а подоцна објавиле и видео во кое тврдат дека убиле 250 заробени сириски војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!