По првите два успешни албуми со обработки на стари македонски песни, браќата Тавитјан, Гаро и Диран, го најавија и третото продолжение на проектот „Македонското срце кое чука во 7/8 такт”. В опрвите два албуми македонските песни ги препеаја најголемите балкански музички имиња, а како што велат Тавитјан, тоа ќе биде случај и со овој албум.
– Проектот живее благодарение на вас драги луѓе и слушатели. Само поради вас и големото побарување одлучивме да продолжиме со зачувување на традиционалните песни низ нови обработки и тоа со најголемите имиња. Ние кои сме љубители на проектот знаеме дека го реализиравме во рекодни 85.000 копии, низ Балканот и дијаспората , што е повеќе од доволен мотив да продолжиме и е показател дека моќта на македонската традиционална песна ги руши сите рекорди. Кој слушнал македонска песна ….засекогаш ја запамтил, засакал и срцето му зачукало во седум осмини. Па да продолжиме – најави Гаро Тавитјан попладнево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.