Славниот хип-хопер Еминем си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди благодарјеќи на минатогодишниот сингл „Rap God“.
Меѓу рекордерите влезе како музичар кој во песна внел најмногу зборови, поточно дури 1.560 зборови.
“Rap God“, симната од неговиот албум „The Marshall Mathers LP2“, трае шест минути и четирисекунди, а стана еден од најголемите хитови на Еминем во последните години и на Билбоард го зазеде високото седмо место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



