Иако звучи неверојатно или смешно, сепак, да, пенисот е орган кој може да се скрши, а ова е можеби и една од најголемите несреќи што можат да ви се случат во креветот.
Кршењето е својствено за коските, а како што знаеме сите, пенисот нема коска. Па тогаш како може да се скрши? Пенисот се состои од еректилно ткиво, кое за да постигне ерекција се полни со крв. Еректилно ткиво е опкружено со мембрана, наречена tunica albuginea. Мембраната има за цел да служи како облога која што сите околни ткива ги
држи на едно место. Кршењето при напукнување на оваа мембрана, како резултат на груб секс или мастурбација.
Кршењето не се случува толку лесно, потребна е поголема сила, но, доколку се случи болките се интензивни и компликациите големи. Многу често до кршење доаѓа при мастурбација која не е класична туку се користат разни помошни предмети кои можат ненадејно да аплицираат голема сила на силно еректираниот пенис.
Кои се симптомите?
При кршење на предметот не ретко се случува да се слушне звук типичен на кршење. Наеднаш се чувствуваат неверојатно силни болки, се јавуваат нагли отоци, помодрувања и нелагодности.
Што да се прави?
Неодложно да се посети службата за ИМП. Никогаш не очекувајте дека состојбата ќе се поправи сама од себе, бидејќи такво нешто нема да се случи, а и да се случи последиците би биле огромни. Хирургот ќе одлучи за вашиот натамошен третман, најчесто е зашивање на мембраната, затоа е важно што по брзо да се посети лекар. Доколку не посетите навреме
лекар можно е искривување на пенисот, еректилни дисфункции па се до трајна неплодност поради неможност да се постигне ерекција.
Извор: Доктори.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.