| четврток, 6 декември 2018 |

„Гришко“ ќе отвори втора фабрика во Македонија

Руската компанија „Гришко“, која инвестираше во Демир Хисар, ќе отвори втора фабрика за производство на балетски обувки во Македонија.

Првата фабрика која вработува 80 лица, „Гришко“ ја отвори во март минатата година. Фабриката е лоцирана во демирхисарското село Слепче.

Отворањето на новата фабрика е реализација на втората фаза од инвестицијата во Македонија која ќе вработува дополнителни 200 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top