| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен припадник на ИСИЛ тврди: Целта е да се освои арапскиот свет, а потоа и Европа

исис

Поранешен борец на ИСИЛ во разговор за американската Си Ен Ен открил неколку помалку познати детали за терористичката организација.

– Главна цел на Исламската држава, според тоа што го говорат на нивните членови, е да се воспостави исламска држава која ќе го освои арапскиот свет. Потоа, одиме на другите држави, рекол поранешниот борец на ИСИЛ кој се наоѓа во Туриција, објави Си Ен Ен.

Тој пред две недели бил во сирискиот рад Рака, кој припадниците на терористичката ИСИЛ го сметаат за свој главен град. На местата кои ги освојуваат извршуваат јавни егзекуции, бичуваат луѓе, ги распнуваат на крст, укинуваат предмети во училиште како филозофија, музика, спорт, а жените мораат да бидат целосно прекриени со никаб.

Мажот кој барал да остане анонимен, рекол дека организацијата шири неправда под името на правдата. Тој напоменува дека се уште се сложува со идеологијата на групата која своите уверувања на другите ги наметнува секој ден.

Се проценува дека до сега во ИСИЛ се приклучле илјадници борци од целиот свет, а соговорникот напоменува дека тие можат да изведат напади кога ќе се вратат во своите држави.

– Државјаните на западните земји кои се приклучиле на ИСИЛ ги сметаат своите држави за неверни. Ако имаат можност, тогаш ќе извршат напади, заклучува поранешниот член на ИСИЛ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top