| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ја освежите долгата врска?

Врската не ви е во најдобра состојба. Секој ден ви стана ист, нема повеќе возбудување и се прашувате дали вашата врска има се уште смисла? Оживејте ја. Зачинете ја својата љубовна врска и разбудете ги оние стари чувства што сега изгледаат толку далеку.

Сменете ги вашите навики 

Ако рутина ви е одење во кино или лежење дома пред ТВ, за промена одете на концерт или на излет. Ќе го смените опкружувањето, ќе уживате и повторно ќе се зближите. Ако ги правите секогаш истите работи, деновите само ќе ви се вртат во круг и ќе станете незадоволни од својот живот. За тоа не сте свесни, па го обвинувате партнерот и својата врска, која нема врска со тоа.

Разговарајте повеќе 

Толку долго сте заедно што нема ни една работа што не ја знаете еден за друг. Тоа е лошо бидејќи понекогаш изгледа дека немате за што да зборувате. Врската во која нема вистинска комуникација, не може нормално да функционира. Најдете нови теми за разговор. Почнете заедно да посетувате часови по танц или фотографирање и повторно зближете се.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top