| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку интересни факти за жените и сексот

Истражувањата кои се занимаваат со сексуалносто на понежниот пол се релативно ново поле, кога ќе се погледне ретроспективно, но денес научните истражувања за сексуалноста еднакво се однесуваат и на мажите и на жените. Прочитајте ги резултатите на некои нови истражувања за понежниот пол, кои би можеле да ве изненадат.

Жените ги возбудуваат други жени

Женскиот пол има склоност да се возбудува на многу типови на еротика, вкулчувајќи и сценарија со мажи и жени заедно, што покажува еден шаблон на бисексуално однесување. Тоа не значи дека жените се бисексуални, ниту дека вашата партнерка ќе се израдува ако повикате на секс во тројка, туку едноставно дека многу жени се возбудуваат од сексуални мисли или слики од двата пола.

Жените се плашат од емотивно неверство

Жените повеќе се плашат од емотивно неверство, отколку од сексуално неверство на својот партнер, додека мажите размислуваат обратно. Кога станува збор за неверство кои тие би го направиле, жените чувствуваат поголема грижа на совест отколку мажите.

Женскиот мозок може да го одвои менталното возбудување од гениталното

Овие две, кај понежниот пол, може засебно да функционираат. На пример, дури и ако жената не е ментално стимулирана, нејзиното тело може да произведе физиолошка реакција на секс.

Жените се чувствуваат поврзано со својот партнер по сексот

Во главно, жените имаат потешкотии да имаат кратка физичка врска, бидејќи нивните тела по оргазамот произведуваат окситоцин. Окистоцин е хормон кој кај жените предизвикува чувство на поврзаност со партнерот. Оттаму, кај некои жени по сексот се развиваат чувства иако можеби некои од не сакаат да ги имаат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top