Дали бројот на сексуални односи влијае на големината и обликот на вагината? Дали тоа што вашиот партнер има голем пенис трајно ги менува големината и формата на вашата вагина? Многу жени се прашуваат за овие работи, но само мал број од нив се подготвени да го постават ова прашање на стручњак. Лорен Страјкер, помошник професор по акушерство и гинекологија на Фајнберговото училиште за медицина дава одговори на овие прашања.
Според Лорен, жените не треба многу да се грижат за ова.
– Женското тело е така направено, еластично и со можност да се шири за да се прилагоди на сè од голем пенис до породување. Дури и најголемиот пенис на светот не може да се спореди со големината на бебе и нема да влијае на големината на вагината – кажува Лорен.
Вагината поминува низ физички промени кога сте возбудени. Засилениот проток на крв во таа област го поттикнува подмачкувањето на нерамните ѕидови на вагината. А кога тие ќе се опуштат, се шират и ѝ даваат простор на вагината за да се прилагоди на големината на пенисот, без разлика колкав е.
Ако после сексот не се чувствувате „тесно“ како претходно, тоа не е ништо необично.
– Вагината ви се проширила за да се прилагоди на вашиот партнер, но тоа е само за одредено време и потоа брзо се враќа во првобитната состојба, кај некого за неколку минути, а кај некои за неколку часа. Некогаш тоа зависи и од други фактори, но секако се враќа на старо – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст