Во куќата на С.П.(35) во Струмица вчера околу 21:40, влегло непознато машко лице на возраст од околу 20 години, се приближило до нејзината четиригодишна ќерка и ја бакнало во пределот на главата. Таа не изреагирала веднаш, мислејќи дека лицето е другар на нејзиниот син, но откога увидела дека влегло само, го прашала што бара во нејзината куќа. Тој се приближил до неа, силно ја гушнал, фаќајќи ја за градите и обраќајќи и се со зборовите: „Дојдов да ве сакам“.
Таа се обидела да го отргне од себе, но бидејќи тој ја повторил постапката неколку пати, почнала да вика за помош, по што пристигнал нејзиниот девер и успеал да го отргне лицето и да го задржи до доаѓање на полициски службеник од Полициската станица Струмица.
По извршеното легитимирање, утврдено е дека се работи за Н.Б.(21) од Струмица, кој, и понатаму и во присуство на полицаецот покажувал знаци на хиперактивност и неконтролирано однесување, соблекувајќи се гол. Н.Б. е однесен во Медицинскиот центар во Струмица на Нервно одделение, каде од страна на лекар е констатирано дека се работи за лице со пореметена психолошка структура на личноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


