| четврток, 6 декември 2018 |

Путин отвори нов фронт: Руски специјалци влегоа во Естонија и уапсија естонски офицер

Минатиот пето руски специјалци ги блокирале сите комуникации на граничниот премин Лухам, меѓу Естонија и Русија, фрлиле димни бомби и вооружени до заби влетале на естонската страна од границата и буквално ги киднапирале тамошниот контраразузнавач, офицерот Естон Кохвер.

Кохвер е оперативец на естонската безбедноста агенција Капо и задолжен е за откривање и врбување на потенцијални шпиони на границата, како и за спречување на криумчарење-вносен бизнис во тој дел од Русија.

Естонците најпрвин биле уверени дека станува збор за грешка или самоиницијативна акција на некој локален руски моќник кому Кохвер му го распибал бизнисот со криумчарење. Но, Кохвер бргу бил одведен во Москва каде вчера пред телевизиските камери е претставен како криминалец кого на руска територија го фатиле припадниците на руската Сојузна служба за безбедност (FSB).

Кај него се пронајдени пиштол Таурус со муниција 5.000 евра во готово, специјална опрема за прикриено прислушкување како и документи кои докажуваат дека постоела разузнавачка мисија. се вели во соопштението на ФСБ.

-Ова не е акција која е смислена преку ноќ, вели Еерик Нилс Крос, поранешен естонски шеф на службата за разузнавање и советник за национална безбедност. Не знам дали станува збор за некоја матна зделка на ФСБ, но што и д е нештата мора да бидат ставени во контекст. Во прашање е многу необична поддударност или своевиден сигнал, предупредува Крос.

Шпионските игри меѓу Русија и Естонија не се никаква новост. Естонците во последниве пет години пронајдота четири руски шпиони во своите редови, а во 2008 година открија дека еден од водечките разузнавачи на Естонија всушност е двоен агент и работи за Русија.

-Не се сеќавам дека било кога порано офицер на НАТО бил киднапиран на тлото на некоја од земјите-членки, вели Крос и додава дека Никоја не е заинтересира да го вовлекува НАТО во оваа приказна. Ќе се обидеме тоа да го решиме на локална болатерална база, пишува „Гардијан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top