На големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе биде отворен 22-от Фестивал за камерен театар „Ристо Шишков“.
Директорот на фестивалот Ванчо Ристов информира дека годинава фести-валот ќе го отворат гостите од Шабац, Србија со претставата „Ќелавата пеачка“ од Ежен Јоанеску, во режија на Никита Миливојевиќ.
– Во петте фестивалски денови ќе бидат изведени 10 претстави од шест држави. За наградата за високи актерски остварувања „Ристо Шишков“ ќе се натпреваруваат шеесетина актери, рече Ристов.
Наградата „Ристо Шишков“ се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и признание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


