| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени две куќи во тетовско и гостиварско

Две тешки кражби се регистрирани во изминатите денови во едно тетовско и едно гостиварско село, при што вкупната штета се проценува на околу 100.000 евра.

Во временскиот период од 05 до 07.09.2014 година во с.Чајле – Гостивар, во куќата сопственост на Ј.Ј., од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, на начин што без насилно отварање и вршење пребарување, од спалната соба одземено е поголема количина на златен накит, во вредност од околу 4.290.000 денари. (околу 70.000 евра)

Увид на лице место извршила екипа од НККР-Гостивар.

На 07.09.2014 годна во временски период од 20,00 часот до 23,00 часот во с.Градец- во куќа сопственост на Т.С.(65), непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел поголема количина златен накит во вредност од 1.800.000,00 денари (околу 30.000 евра).

Имено, сторителот најверојатно  низ прозорецот од купатилото влегол во куќата, извршил пребарување и го одзел златниот накит. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Тетово. Се преземаат мерки за пронаѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top