Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека Русија треба да го зголеми домашното производство на авиони поради санкциите против земјата, воведени од Западот поради украинската криза.
Вицепремиерот Дмитриј Рогозин истакна дека Русија и Кина планираат заедничко производство на авиони за прекуокеански летови.
– Русија секако мора да го продолжи трендот на зголемување на бројот на авиони кои се произведуваат во земјата, како и авионски делови, нагласи Медведев.
Русија и Кина планираат следниот месец да потпишат договор за заедничко производство на авиони за прекуокенаски летови, а Москва има за цел двојно да го зголеми производството на воените авиони „Сухои“ од 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



