| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ усвојувa нови санкции кон Русија

Земјите-членки на Европската унија, денеска, преку писмена процедура ги усвојуваат санкциите што Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ги предложија во петокот по предлог на Европскиот совет од последниот вонреден Самит на 20-ти август.

Ukraine-EU-Russia

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, официјалното стпаување на сила на новите рестриктивни мерки од вториот пакет на санкции на ЕУ кон Русија, се оекува официјално да стапи на сила во текот на утрешниот ден, кога по усвојувањето од сите 28 ЕУ-земји, потоа треба да бидат објавени во Службениот весник на Унијата.

– Во петокот, претседателот на Еврокомисиајта, Жозе Мануел Барозо и првиот човек на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, испратија писмо до Советот за превземените чекори за имплементирање на зкалучоците од специјалниот состанок на Европскиот совет на 30-ти август. Сега, пакетот е согласен на ниво на КОРЕПЕР-група (амбасадори на змејите-членки на ЕУ во Брисел) и истиот треба формално да се усвои од земјите-членки преку писмена процедура денеска која е во тек. Деталите од мерките ќе бидат достапни кога ќе се објаватг во Службен весник на ЕУ, најдоцна до утре, како што се планира – ќе рече портпаролката на неформалната Влада на ЕУ, Пиа Аренкилде-Хансен.

Според најавите, руски политичари, олигарси, но и членови на Владите на Крим и источно-украинскиот регион Донбас, се очекува да се најдат на листата на санкции за забрана за патување во Унијата и замрзнување на нивните сметки на европскиот континент.

Сепак, доколку и денеска се почитува прекинот на огнот во Украина, а се испрати гаранција дека Русија ги повлекла воените сили од украинските граници и пристапува кон целосно мировно решение за кризата во поранешната советска република, тогаш се најавува дека ЕУ воопшто и не би ги вовела најновите санкции кон Руската Федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top