По вчерашниот текст на Саше Ивановски, каде тој го разоткрива директорот на СОРОС Владимир Милчин, дека му диктирал што смее, а што не да биде објавено на порталот финансиран од СОРОС, како и за реакцијата на Милчин кога не му се допаднала некоја содржина објавена на медиумот финансиран од него, не стивнуваат коментари од јавноста и од експерти.
Кога на тоа ќе се додадат и реакциите по ставот на Милчин, во очи на Денот на независноста- дека Македонскиот народ е глуп, неинтелигентен, „цепаница“ и слично, а на што со говор на омраза се надоврза борецот за човекови права Мирјана Најчевска која повикува на насилство, анархија и буквално рушење, впечатокот е еден- борците за демокрарија и за права сѐ повеќе се разоткриваат.
Оние со кои разговараше Република, велат дека состојбата во која се (о)ставени и Милчин и Најчевска од неинвентивната, трома и политичка опозиција чиј што главен заштитник двајцата и се, на виделина излегува нервозата, но и вистинското лице на самопрогласените борци за слобода и демократија.
Притоа се потсетува на неодамнешното признание на Милчин дека контролира седум медиуми од кои пет на македонски и два на албански јазик. Тогаш и се отвори прашањето: доколку Владимир Милчин нема влијание врз медиумите за кои самиот признава дека финансиски ги контролира, тогаш зошто секоја негова изјава, статус на Фејсбук или пак колумна, ударно се пренесува во опозициксите медиуми кои земаат или зеле грантови од Соросовиот институт?
Најчевска пак во последните настапи влезе во конфликт во студиото на еден опозициски медиум, повикувајќи на буквално рушење на сѐ што претставува систем во државата, само затоа што опозицијата повторно изгубила избори!
Тоа што е заедничко за Милчин и за Најчевска е што во сите нивни настапи посочуваат дека во Македонија нема демократија. Човекот што финансира, контролира, и во рака стиска седум медиуми со милионите долари од странска фондација, како и професорката која во изборна кампања се врзуваше за дрвја, за откако не доби мандат народот постојано го нарекува глуп и неинтелигентен.
Тоа се ликовите кои лво Македонија зборат за недостаток на слобода, посочува експертската јавност. За жал, тоа се и ликовите кои од позиција на Извршен директор на Фондацијата Отворено општество, како и челник во Центар за човекови права и разрешување конфликти шират негативни оценки и перцепција за Република Македонија надвор, но и во земјата, предизвикувајќи конфликти и повикувајќи на безредија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најчевска: Наш главен интерес треба да биде самото бегство, на здрав памет нѐ прават будали
-
Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос
-
Сорос ја напушта Будимпешта, се сели во Берлин
-
Унгарски портал “888”: Зоран Заев е човек на Сорос и тоа сè повеќе се гледа во несреќната балканска земја