| четврток, 6 декември 2018 |

Претреси низ БиХ; Германско- босанска акција против трговија со луѓе

bosna policijaВо повеќе градови во БиХ во тек се претреси во полициска акција за разбивање организирана криминална група што се занимавала со шверц на луѓе, неовластено користење лични подаотци, кражба на возила, фалсификување документи и други кривични дела.

Претреси се вршат на 13 локации во Бањалука, Бијелина, Дервента, во Тузланскиот и Зеничко-добојскиот кантон.

Акцијата според полициски извори на кои се повикуваат босански медиуми, се врши во соработка со припадници на полицијата во Србија, Словенија и Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top