| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена тревога за поплави во Тајланд

poplavi tajlandВластите во Тајланд ноќеска издадоа наредба за највисок степен на подготвеност на населениео  кое живее покрај реката Меконг, бидејки постои опасност реката уште денеска, а најкасно утре да го зголеми нивото за три метра. Покрај обилните дождови во Тајланд, Мјанмар, Лаос, Камбоџа и Виетнам, опасноста ја зголемува и нивото на акумулацијата во јужната кинеска провинција Јунан, каде што веќе има потреба да се испуштаат дури 9.000 кубни метра вода во секунда.

Реката Меконг со должина од околу 4.350 километри, извира во Тибет а во морето се влева низ познатата делта која е еден од главните извори на приходи на државите низ кои се простира. Државите низ кои поминува Меконг во 1996 година основаа заеднички Совет за Меконг, кој и сега ги координира активностите за заштита од поплавите што се закануваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top